Продолжува скандалот во Наполи: Осимен одбил да се поздрави со соиграчите на денешниот собир (ВИДЕО)

Очигледно не се смирува тензичната атмосфера во редовите на Наполи, предизвикана пред се од однесувањето на нигерискиот офанзивец Виктор Осимен.

Осимен кој е лут на клубот поради видео-материјалот кој беше објавен на официјалниот Тик-ток профил на Наполи со негово еден вид исмејување, сега очигледно лутината ја пренесува на сите во клубот.

Фудбалерите на Наполи денеска се собраа во тимскиот хотел пред заминувањето во Удине каде вечерва ги очекува дуелот против Удинезе во Серија А.

Осимен, според видео снимката од собирот, пристигна видно лут, па откако се поздрави со тимскиот менаџер Џузепе Санторо, очигледно игнорираше дел од соиграчите меѓу кои Деме и Зиелински а кои се обидоа да се поздрават со него…

Осимен, според најавите, се очекува да биде стартер вечерва против Удинезе.

Се вчитува...