Продолжува соработката: Вардар и Новоматик со нов договор вреден 1 милион евра!

Новиот македонски првак Вардар, денеска потпиша нов договор со генералниот спонзор „Новоматик Македонија“ на уште една година, вреден 1 милион евра.

На денешната прес-конференција од таборот на „црвено-црните“ и од раководството на „Новоматик“ ја потврдија новата соработка.

„Дозволете на почетокот во името на менаџментот на клубот, играчите и навивачите да упатам благодарнот што Новоматик Македонија беа со нас кога ја почнавме најтешката битка за враќање на довербата на навивачите, на спортската, но и пошироката јавност. Довербата на Новоматик Македонија во нашиот проект придонесе да ја освоиме 12-та титула фудбалски шампион во македонското национално првенство“, кажа капитенот на Вардар, Горан Закариќ.

 

Се вчитува...