Продолжува црната низа на белграѓани: Црвена Звезда загуби и во Милано

Кошаркарите на Црвена Звезда го забележаа четвртиот пораз во низа во Евролигата откако загубија на гостувањето во Милано против Олимпија со 79-62. Клучно за натпреварот беше самото отварање во кое домаќините направија серија од 13-0. Звезда заигра далеку подобро во продолжението од средбата, но и покрај тоа што стигна и до едноцифрена негатива немаше сили за целосен пресврт.

Шавон Шилдс беше предводник на италијанскиот состав со 18 поени и 2 скока, додека него го следеше Трој Даниелс со 12 поени. Кај српскиот тим се истакна Лука Митровиќ со 17 поени и 7 скока, а Огњен Добриќ додаде 13 поени и 3 скока.

Се вчитува...