Продолжува црната серија во АБА2 лигата, Пелистер ја испушти шансата за победа во последната четвртина

Кошаркарскиот прволигаш Пелистер минимално загуби на гости од Широки Бријег со 83-82, во ракми на мечот од 5. коло од новата сезона во регионалната АБА 2 лига. Со тоа, „пелистерци“ ги забележаа четвртиот пораз во регионалното натпреварување, трет во низа за избраниците на тренерот Марјан Илиевски.

Битолчани одиграа солидно прво полувреме по кое на пауза заминаа и со минимална предност од 43-40, а одличната игра ја продолжија и третиот период. Сепак, клучно беше второто полувреме во кое „пелистерци“ за момент потфрлија, а тоа „зелено-белите“ ги чинеше испуштање на шансата за враќање на победите и избегнување на позицијата од дното на табелата. Пелистер имаше и напад за победа, но Караџовски не го реализираше обидот за тројка, што значеше и четврти пораз на битолчани во петтиот меч сезонава во АБА2.

Овој натпревар го одбележа сомнителната одлука на судиите на 69 секунди пред крајот на овој двобој, па тренерот на Пелистер доби исклучување по досудените чекори од Кесар. Противникот ги промаши двете слободни фрлања, се влезе во „пенал-завршница“ во која „пелистерци“ благодарение на Младеновиќ добија шанса за победа, но не го искористија последниот шут.

Никола Малешевиќ со 27 поени беше најрасположен кај битолчани, додека кај победникот Лука Божиќ со исто 27.

Битолчани по денешниот меч со Широки Бријег во Сараево ќе одиграат уште две средби, в среда против Борац Бања Лука и в сабота против екипата на Златибор.

Се вчитува...