Продолжуваат квалификациите за ЛШ во Скопје со два полуфинални натпревари

Натпреварите од квалификацискиот турнир во Лигата на Шампините кој се одржува во Скопје и СЦ „Борис Трајковски“ продолжуваат денеска со два нови меча за кои се „активираа“ на фаворизираните Тофаш и Фрибург.

Волунтари со триумфот против Лестер закажа средба против турскиот состав Тофаш кој важи за апсолутен фаворит на денешанта средба која ќе биде одиграна од 18 часот. Романците за кои настапува и поранешниот кошаркар на МЗТ Скопје, Тодрик Готчер ќе мора да биде на врвот на својата задача за да се надева на победа против тимот кој неодмана беше финалист во Еврокупот.

Од 21 часот ќе биде познат и вториот патник во финалето. Во втората полуфинална средба силите ќе си ги одмерат швајцарскиот шампион Фрибруг и германскиот Кемниц каде помошен терен е македонскиот статег Ѓорѓи Кочов.

Германскиот состав на патот до полуфиналето славеше против македонскиот претставник ТФТ во натпревар во кој покажа дека може да се надева и на првото место на турнирот и пласман во групната фаза од Лигата на Шампионите на ФИБА, но за тоа прво ќе мора да слави против 18-кратниот шампион.

Финалето ќе биде одиграно во недела со почеток до 20 часот.

Се вчитува...