Проектилот на Лаказет недоволен, Арсенал загуби од Тотенхем

Тотенхем и Арсенал одиграа уште еден одличен меѓусебен натпревар, преполн со жестоки дуели, но и со шанси на двете страни. „Топчиите“ први поведоа, но на крајот Тотенхем беше тимот што се радуваше на победата од 2-1, резултат со кој „спарси“ го прескокнаа градскиот ривал на седмото место на табелата.

Лаказет беше авторот на најубавиот гол на ова дерби, откако Французинот со проектил од дваесетина метри го матираше Љорис. Радоста на „топчиите“ не траеше многу долго бидејќи Колашинац погреши при едно повратно додавање, а Сон го казни тоа постигнувајќи израмнувачки погодок.

Двата тима имаа свои шанси да стигнат во водство, Љорис и Мартинез беа на висина на задачата, за во 78. минута гостинскиот голман сепак да капитулира при обидот на Алдерверелд по корнерот на Сон.

Се вчитува...