Професорките Зафировска и Георгиевска, заедно со врвни европски фудбалски лица, дел од „Адриа фудбал форум 2026“

Денеска и утре во хотелот „Хајат“ во Белград, ќе се одржи Адриа фудбал форум 2026 – еден од позначајните регионални настани посветени на современиот фудбал, развојот на младите играчи, тренерската професија, скаутингот, спортската аналитика и примената на науката и технологијата во фудбалот.

Македонија на Форумот ќе ја претставуваат проф. д-р Софија Георгиевска и проф. д-р Фросина Денкова – Зафировска, психолози, психотерапевти и експерти за ментален тренинг, воедно основачи на „Психограм“.

Тие ќе учествуваат на панел-дискусијата „Building the Complete Player – Youth Academy Development“, која ќе се одржи утре (22 септември). Во фокусот на панелот ќе бидат целосниот развој на младиот фудбалер, значењето на менталната подготовка, психолошката отпорност и создавањето услови во кои младите таленти можат да го достигнат својот потенцијал.

На панелот ќе учествуваат заедно со Карло Кудичини, поранешен голман на Челси и актуелен шеф на одделот за младински развој во Челси, Марко Рошкар, раководител за развој на таленти во ФК Марибор, и Душко Грујиќ, директор на младинската академија на ФК Војводина.

На форумот ќе учествуваат и бројни реномирани имиња од европскиот и регионалниот фудбал, меѓу кои Марко Николиќ, Дамир Скомина, Рикардо Печини, Ромео Јозак, Дарко Миланич, како и претставници на УЕФА, национални фудбалски федерации, клубови, академии и водечки спортско-технолошки компании.

Учеството на македонските експертки претставува значајна можност домашното знаење и искуство во областа на спортската психологија и менталниот тренинг да бидат претставени пред регионалната и европската фудбалска јавност.

Се вчитува...