Професорот држи час по тенис: Најубавиот поен на Ѓоковиќ од мечот со Алкараз! (ВИДЕО)

Новак Ѓоковиќ му одржа вистинска лекција по тенис на најголемиот свој ривал во моментов, младиот шпански тенисер Карлос Алкараз, во полуфиналето на завршниот АТП Мастерс во Торино.

Ѓоковиќ во само 90 минути во два сета го „испраши“ Алкараз потврдувајќи ја својата класа во моментов.

Од полуфиналето во Торино дефинитивно ќе остане запаметен шестиот гем од вториот сет кој беше пресуден за победата на Новак. Токму во тој гем, при водство од 3-2 на Ѓоковиќ и сервис на Србинот, Алкараз имаше можност со брејк да се врати во игра. Шпанецот имаше 15-40, но до крај на гемот Ѓоковиќ освои три феноменални поени и го освои гемот за 4-2 и пат кон триумфот.

А, најубавиот поен од тие три и дефинитивно го одбележа вечерашниот меч…

Се вчитува...