Баерн Минхен ја потврди доминацијата во Германија и денеска ја подигна 35-тата титула во Бундеслигата. Исто така ги освои и индивидуалните награди, освен една – за најдобар голман.
Мајкл Олисе е прогласен за најдобар играч, Хари Кејн за најдобар стрелец, но наградата најдобар голман замина во рацете на чуварот на мрежата на Борусија Дортмунд, Грегор Кобел.
Кобел има 15 „чисти мрежи“, и е најдобар по овој параметар. Втор е Мориц Николас од Борусија Менхенгладбах со 13 меча без примен гол.
Кобел со тоа го израмни рекордот на Борусија Дортмунд, кога во сезоната 2011/12 Роман Вајденфелер исто така имаше 15 меча без примен гол. Тогаш тимот ја освои титулата во Бундеслигата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
