Прогласени првите стипендисти на Охридска банка Сосиете Женерал – победници на конкурсот „Имаш ли жичка за музика“

Вчеравечер, Охридска банка Сосиете Женерал, организираше концерт во Македонска филхармонија со младите финалисти од конкурсот „Имаш ли жичка за музика“.

Свој настап имаа осум финалисти, од кои двајца ги понесоа признанијата на вечерта.

16-годишниот Арда Мустафаоглу, беше прогласен за победник на конкурсот и прв стипендист на Охридска банка Сосиете Женерал. Арда стана Член на Клубот на таленти на Банката и добитник на годишна стипендија во износ од 100.000 денари.

Посебна награда за препознаен потенцијал за иден развој и беше доделена на 15-годишната Наоми Георгиевска, која исто така беше прогласена за Член на клубот на таленти на Охридска банка Сосиете Женерал, и добитник на годишна стипендија од 50.000 денари.

На конкурсот „Имаш ли жичка за музика“ се пријавија 60 млади инструменталисти, а врз база на јасно поставени критериуми беа одбрани 8 финалисти кои имаа можност својот талент да го претстават пред исполнетата Камерна сала во Македонската Филхармонија.

Изборот на победниците беше направен со помош на стручна жири комисија составена од професорите Милица Шкариќ, Страшо Темков и Владимир Костов.

OБСГ Клуб на таленти, како концепт, функционира на база на конкурси кои се објавуваат во текот на годината на одредена тема. За секој објавен конкурс во рамки на овој клуб, Банката како основач, заедно со однапред дефинирано стручно жири , избира финалисти и победник кој ќе биде финансиски награден и поддржан од страна на Банката.

Првиот конкурс на Банката во рамки на Клубот на таленти беше токму конкурсот „Имаш ли жичка за музика“.

Охридска банка Сосиете Женерал како општествено-одговорна компанија, и понатаму ќе продолжи да издвојува значаен износ на финансиски средства, насочувајќи ги во различни области како култура, спорт, образование итн., секогаш барајќи таленти и потенцијали на кои им е потребна поддршка за развој на својот талент, доедукација и усовршување во својата насока, се со цел да помогне во развојот на сите млади кои покажуваат потенцијал во одредена насока.

Комерцијален текст

Се вчитува...