Пројковска учесник на Европското првенство за сениорки во Англија

Најдобриот женски фудбалски судија во Македонија, интернационалката Ива Пројковска ќе биде прв судија од нашата држава која ќе биде дел од едно европско првенство на најдобрите репрезентации на стариот континент.

На претстојното Европско првенство за сениорки, 13 по ред, што ќе се одржи во Англија од 6 до 31 јули, таа се најде на списокот на судиската комисија на УЕФА како четврти судија, а одредени се само две. Со оглед дека првенството е долго и дека на списокот за четврти судии се само две имиња, тоа е знак дека и тие ќе судат како главни судии на некои натпревари во случај на откази, повреди или слаби арбитражи на судии на некои мечеви.

На првенството ќе учествуваат 16 најдобри европски репрезентации поделени во 4 групи. Ива Пројковска веќе еднаш има судено на едно Европско првенство, фудбалерки до 19 години, 2019 година во Шкотска кога беше главен судија на финалниот меч меѓу Германија и Франција./М.М/

Се вчитува...