Прокисна и „Јане Сандански“ – дербито во прекин

Вториот финален натпревар меѓу МЗТ Скопје и Работнички е во прекин, и тоа не поради инцидент на трибините (атмосферата е беспрекорна) туку поради кондензација во салата „Јане Сандански“ пред самиот крај на дербито.

На 1:42 минута до крајот резултатот гласеи 70-73, но мечот нема да продолжи додека не се создадат услови. Во моментов на неколку делови од салата, дел од нив на самиот терен, а дел покрај аут-лините, има големи вирови кои го прават теренот максимално опасен за игра.

Вистинска иронија, ако се знае дека актуелниот првак во изминатите денови, но и претходно во текот на сезоната се фалеше со својата модерна сала на сметка на арените на ривалите.

Се вчитува...