Проклетството на Арон Ремзи го зеде и фронтменот на Продиџи

Смртта на лидерот на популарниот бенд Продиџи, Кит Флинт повторно ја отвори темата за проклетството на ѕвездата на Арсенал, Арон Ремзи. Неговите голови се поврзуваат со смртта на славни личности. Тој погоди против Тотенхем во саботата, а утрово беше објавено самоубиството на Флинт.

Приказната за бизарното проклетство на Ремзи почна во 2011 година кога по негов гол умре лидерот на Ал-Каеда, Осама Бин Ладен. Потоа низата продолжи со Стив Џобс, Гадафи, Витни Хјустон, актерите Пол Вокер, Робин Вилијамс како и Алан Рикман и Дејвид Боуви.

„Тоа дека убивам славни личности е вистински луда гласина. Иако имам убиено некои навистина големи негативци како Бин Ладен и Гадафи“ – вели Ремзи.

 

 

Се вчитува...