Џанлуиџи Буфон е еден од најдобрите голмани во историјата на фудбалот, но во блескавата кариера му недостига трофејот од Лигата на шампионите. Минатата сезона беше дел од ПСЖ за да се обиде да го освои пехарот во елитното европско клупско натпреварување, но францускиот тим тоа го оствари дури откако тој се врати во Јувентус.
По една сезона во Париз, Џанлуиџи Буфон одлучи да се врати во Јувентус и продолжи да брани со цел да стигне до посакуваниот пехар, но „старата дама“ доживеа елиминација во осминафиналето од Лион. Популарниот Џиџи ќе има уште една шанса следната сезона, со оглед дека ја продолжи соработката за Јуве за уште една дополнителна година во која тренер ќе му биде неговиот поранешен соиграч Андреа Пирло. Интересно е дека Буфон е повозрасен од новиот шеф на стручниот штаб на италијанскиот првак.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА