Проклетството на ЛШ пак го погоди Буфон

Џанлуиџи Буфон дојде во ПСЖ со надеж дека заедно со „светците“ ќе се израдува на првата титула во Лигата на шампионите, дека ќе стигне до единствениот „голем трофеј“ што му недостига во својата неповторлива кариера. Сепак, проклетството на ЛШ повторно го погоди Италијанецот, кој тотално потфрли на вечерашниот дуел на „Паркот на принцовите“ и беше еден од главните виновници за поразот од Манчестер Јунајтед.

Тој прими три гола и имаше само една интервенција, онаа кога топката му испадна од раце и му подари на Лукаку погодок за 1-2, кошмар од кој Буфон дефинитивно нема лесно да се разбуди без оглед на неговото богато искуство.

Француските медиуми пред мечот најавија дека тој е подготвен да потпише нов договор со ПСЖ, но прашање е дали денешното фијаско ќе ги промени неговите планови. Или пак ќе следи потпис, за уште еден обид да се нападне тронот на европскиот клупски фудбал.

Се вчитува...