Проклетството падна – Гвардиола по десет години пак е во финалето од Лигата на Шампионите

Пеп Гвардиола со години важи за еден од најдобрите светски тренери, секогаш води извонредни тимови со богати буџети, па затоа изненадувачки делуваше податокот дека каталонскиот стручњак цели десет години нема стигнато до финалето од Лигата на Шампионите.

Проклетството почна по сезоната 2010/2011, кога Гвардиола како предводник на Барселона не само што играше финале туку и победи во истото, за своја втора европска титула како тренер. Потоа Пеп работеше во Баерн Минхен, од Баерн се пресели во Манчестер Сити, но „постот“ траеше десет години, се до вечерва.

Тој целосно ја доби тактичката битка со Покетино, па во голем стил, со две победи над ПСЖ го одведе Манчестер Сити во големото финале.

Воедно, одличниот стручњак стана само седми тренер во историјата што стигнал до финале од ЛШ со две различни екипи, по Отмар Хицфелд, Луј ван Гал, Жозе Мурињо, Јуп Хејнкес, Карло Анчелоти и Јирген Клоп.

Се вчитува...