Прокоцкана супер-можност за запоседнување на второто место во групата (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Македонските репрезентативци првпат во меѓусебните дуели комплетно ја надиграа 45-та селекција во светот, Романија. Но, сето тоа залудно без ефектуирање во желбата за трите бода на крајот.

Македонија пропушти супер-можност за запоседнување на второто место во Групата Ј, со што со предност пред директните конкуренти Ерменија и Романија ќе се очекуваа последните четири натпревари од квалификациите.

Заедно со оние два прокоцкани бода од Исланд и тоа како избраниците на Благоја Милевски има за што да жалат од овој септемвриски собир, кој сепак на крајот и натаму не остава во трката за втората позиција и бараж за пласман на Мундијалот во Катар во 2022 година.

 

Се вчитува...