„Пролет докажа дека победата над Металург не беше случајна“

Пролет е најпријатното изненадување на стартот од ракометниот плејоф откако скопскиот суперлигаш забележа две победи во првите две кол од елитното друштво. По големиот триумф над Металург на стартот, избраниците на Матлиесски стигнаа до цел плен и на незгодното гостување против Еурофарм Пелистер 2, тим со исклучително талентирани ракометари што сигурно ќе биде тврд за сите ривали во рамките од овој плејоф.

Крилниот ракометар Мартин Димов го постигна еден од клучните погодоци на мечот во Битола, носејќи го Пролет на „плус два“ на нешто помалку од две минути до крајот.

„Ова е тимски спорт и најважни се колективните резултати. Кога соиграчите ќе одиграат добра акција, логично е да се преземе одговорност. Среќен сум што го погодив тој важен шут, но уште поважно е што стигнавме до победата. Сакавме на сите да им докажеме дека оној триумф над Металург од првото коло воопшто не беше случаен. Добро се подготвивме за овој натпревар, го изанализиравме противникот и знаевме точно што да очекуваме. Мечот беше исклучително тежок и напорен, што беше сосема очекувано, но ние покажавме зрелост, бевме подобри во завршницата и заслужено триумфиравме“, истакна десното крило на Пролет за официјалната веб-страница на клубот.

Се вчитува...