Пролет го „крои“ тимот за Европа

РК Пролет ја комплетира екипата за следната сезона во која ги очекува и настап во Купот на ЕХФ. Се продолжува соработката со ракометарите на кои им завршија договорите и се засилува тимот на дефицитарните позиции.

Ново име во составот на Пролет за следната сезона ќе биде младиот десен бек Ѓорѓи Дука кој доаѓа од екипата на Македонија Ѓорче Петров. Се работи за 19-годишен талентиран леворак ракометар со кој се проширува ростерот на бековската линија.

Од актуелниот состав, соработката со РК Пролет за уште две сезони, ја продолжи поранешниот младински репрезентативец, Стефан Стојановски, кој е важна алка во тимот во изминатите неколку години.

„Нашата определба и традиција е да им даваме шанса на млади домашни ракометари. Со таа практика продолжуваме и во иднина. Со нашиот тренер Никола Матлиески го конституираме тимот кој и во следната сезона ќе се потпира исклучително на домашни играчи“ – истакнува Сашо Огњеновски од раководството на РК Пролет.

Се вчитува...