Пролет го победи Еурофарм Работник за место во Европа

Пролет  славеше победа против Еурофарм Работни со 22-19  во натпреварот од последното коло од плеј-офот во ракометната Супер лига. Со овој триумф скопскиот тим го обезбеди четвртото место во плеј-офот што им носи пласман во европските купови во следната сезона.

Во поголемиот дел натпреварот мина во изедначена игра. Домаќините предводени од Ласко Андоновски диктираше темпо и во првото полувреме одржуваше предност од 1-2 гола. На спротивната страна нападот на Еурофарм Работник главно се потпираше на искусните бекови Дејан Пецаковски и Горан Кузманоски.

По првото полувреме Пролет имаше минимална предност од 11-10, а позитивата ја задржа и на почетокот на вториот дел. Со серија од 3-0 домаќините прв пат дојдоа на три гола предност (15-12) во 40.минута и тука го решија мечот. На четири минути пред крај Влатко Јовчевски зголеми на 21-17 и ја осигура победата.

Најефикасни во последната победа на Пролет за оваа сезона беа Ласко Андоновски со шест и Влатко Јовчевски со  пет гола, а Стефан Трајковски додаде четири. Нападот на Еурофарм Работник го предводеа Дејан Пецаковски и Елмир Граџан со по пет гола.

Последното коло од плеј-офот беше комплетирано со дуелот во меѓу Охрид и Пелистер на кој битолчани славеа со 24-32 , но и со оваа последна победа Пелистер остана  за еден бод покус од Пролет на петатата позиција на табелата.

Томислав Јагуриновски со осум гола го предводеше Пелистер во последниот триумф сезонава, Реваз Чантурија постигна шест, а Жарко Чуриќ пет гола. Кај Охрид најефикасни беа Јовица Младеновски и Иван Тасески со по четири гола.

Конечен редослед на табелаат во плеј-офот: Вардар 30 бода, Металург 22, Еурофарм Работник 16, Пролет 10, Пелистер 9 и Охрид 1 бод.

Се вчитува...