Пролет го победи Охрид и се бори за излез во Европа

Ракометарите на Пролет го победија Охрид со 28-29 во натпреварот од 9.коло во суперлигашкиот плеј-оф и остануваат во борба за место во европските купови. На едно коло пред крај, Пролет е на 4.место на табелата со еден бод предност, но и натпревар повеќе од Пелистер.

Пролет уште од старт ја презеде иницијативата и го задржа водството до крај. Воството од 10-5 беше само најава за конечната разврска од овој дуел. На полувремето избраниците на тренерот Никола Матлиески имаа предност од 16-14, а за десетина минути од почетокот на второто полувреме, дојдоа и до највисока предност од 21-15. Охрид се обиде да се врати во игра и намали на гол негатива (23-22) на шест минути пред крај, но Пролет успеа да се одбрани и на крај да слави важна победа со конелните 28-25.

Мартин Манасков со десет гола беше прв стрелец во победата на Пролет. Кај Охрид најефикасен беше Крсте Андоновски со пет гола, а солидна партија на голот имаше Кирил Колев со десет одбрани и три одбранети седмерци.

До крајот на плеј-офот на Пролет му останува уште дуелот со Еурофарм Работник на домашен терен.

Се вчитува...