Пролет го задржа и Давор Палевски

Давор Палевски ќе продолжи да го носи дресот на Тинекс Пролет и во наредната сезона откако потпиша нов едногодишен договор со скопскиот суперлигаш.

Левото крило пристигна во Пролет од редовите на Работнички и експресно се наметна како еден од најефикасните ракометари во тимот. Тој беше најдобар стрелец на голем дел од натпреварите минатата сезона, што беше доволна препорака за Палевски да остане во клубот и во наредната година, во која нашиот тим го очекуваат и настапи во ракометна Европа.

Двете страни беа задоволни од соработката во претходната година, па без поголеми проблеми беа договорени деталите од новиот договор.

Пролет претходно потпиша нови договори и со Ласко Андоновски и со Дејан Пецаковски, а во тек се разговорите за останување на уште неколку ракометари кои одиграа клучна улога во освојувањето на извонредното трето место минатата сезона.

Се вчитува...