Ракометарите на Пролет ја оправдаа фаворитската улога на гостувањето кај Радовиш славејќи со сигурни 23-30 во натпревар од 14. коло од Суперлигата на Македонија.
Тимот од скопската населба уште од самиот старт го контролираше натпреварот, па на пауза замина со позитива од пет гола 10-15. Во вториот дел Пролет само рутински го приведе мечот до самиот крај за конечен триумф од 23-30.
Давор Палевски со седум гола беше најдобар поединец во таборот на победникот, додека кај поразените Здравко Постолов постигна пет гола.
Standings provided by Sofascore
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

