Пролет славеше на контролата против Работнички

Ракометарите на Пролет триумфираа на дуелот против Работнички (28-25), прв контролен натпревар за тимот на тренерот Матлиески во пресрет на новата сезона. Долгата пауза од пет месеци без одиграна средба остави трага врз играта на Пролет, но домашниот состав сепак успеа да го исконтролира резултатот и заслужено да стигне до победата.

Тренерите на двата тима се договорија да се играат три третини од по 20 минути, при што шанса добија сите ракометари. Пролет го контролираше резултатот, во првиот период водеше со 10-9, на крајот од вториот период имаше водство од 19-15, а во текот на мечот имаше и предност од шест гола, за до крајот Работнички да ја намали негативата на конечни 28-25.

Избраниците на Матлиески утре продолжуваат со контролни натпревари, а за противник ќе го имаат Металург, меч што ќе се игра во салата „Автокоманда“.

Се вчитува...