Ракометарите на Пролет забележаа победа од 30-23 над Тиквеш, во првиот и единствен подготвителен натпревар што избраниците на тренерот Лембанов ќе го одиграат во овој подготвителен период во пресрет на вториот дел од сезоната. Тинекс Пролет на овој меч настапи без Пецаковски и без Пејовиќ, во таборот на Тиквеш недостигаше пивотот Стефановиќ, но домашните ракометари беа на висина задачата, го контролираа резултатот и заслужено стигнаа до победата.
Скопскиот клуб беше подобар во текот на целиот натпревар, а ефикасниот напад беше причина на одмор да се замине со водство од 16-13. Лембанов има од што да биде задоволен бидејќи во вторите 30 минути профункционира и одбраната, гостите од Кавадарци постигнаа само десет гола за цело полувреме, па Тинекс Пролет го доби овој меч со убедливи седум гола позитива.
Следен предизвик за екипата на Пролет ќе биде првиот меч од вториот дел од сезоната, на домашен терен против Струга што на програмата ќе биде наредната среда.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА