Промашениот пенал на Меси мораше да биде повторен, ВАР повторно ‘превиде’ (ВИДЕО)

ПСЖ ремизираше (1-1) со Барселона на реванш дуелот од осминафиналето во Лигата на шампионите, елиминирајќи го каталонскиот тим по триумфот од 4-1 на првиот натпревар.

Можност на крајот од првото полувреме натпреварот да го направи поинтересен пропушти Лионел Меси. Најдобриот фудбалер на Барселона имаше пенал пред полувремето за водство од 1-2, но Навас успеа со помош на гредата да го одбрани.

Судиите од ВАР-собата проверуваа дали Навас бил на гол-линијата при одбраната и заклучија дека се било регуларно, но направија голем пропуст не забележувајќи дека еден фудбалер на ПСЖ порано влета во полукругот на врвот од казнениот простор. Марко Верати потрча во моментот на ударот на Меси што според правилата не смее при изведување на пенал. И на крајот токму тој ја расчисти топката од казнениот простор.

Пеналот според правилата требаше да биде повторно. Но, тоа не се случи…

Се вчитува...