Промашеното засилување на Клоп заминува од Ливерпул

Јирген Клоп имаше бројни извонредни трансфери во изминатите години како менаџер на Ливерпул, но најголемо промашување дефинитивно му е ангажманот на Наби Кеита. Репрезентативецот на Гвинеја пристигна од Лајпциг за 60 милиони евра, неговиот трансфер беше договорен осум месеци пред да пристигне во Ливерпул во јуни 2018 година, но Кеита никогаш не се наметна како предводник на средниот ред.

Хендерсон, Вајналдум и Фабињо прикажаа многу повеќе во дресот на „црвените“, а шанса пред Кеита добива и Окслејд-Чембрлен, па на Ливерпул му е јасно дека најдобро ќе биде да го продаде Кеита и да си врати голем дел од вложените пари. Добра вест за „црвените“ е што интерес за овој фудбалер покажува Лајпциг, кој сака да го врати Кеита во својот табор како главно засилување за новата сезона.

Германскиот клуб има подготвено 40 милиони евра за овој мегатрансфер, па на Клоп е да реши дали да го продаде и да ги инвестира парите во нов врвен играч за врска, или пак да му даде уште една шанса на овој играч, кој згора на тоа се мачи со бројни повреди во последните две години.

Се вчитува...