Промашувањето на Кварадона за кое зборува цела Италија (ВИДЕО)

Јувентус стигна до огромни дерби-бодови откако „старата дама“ славеше во пресметката со шампионот Наполи со минимални 1-0. Дефанзивецот Гати како да се претплати да биде херој на Јуве, па откако го постигна голот за победа во финошот на гостувањето против Монца вчера повторно беше стрелец на триумфалниот погодок за „црно-белите“ од Торино.

Дефинитивно најголем трагичар на натпреварот беше можеби и најдобриот фудбалер на тимот од Неапол, Квича Кварацхелија кој едностано успеа да го промаши невозможното. Течеше 28. минута кога Осимен додаде до Кварацхелија кој беше сам пред голманот Шчесни. Но, наместо лесна реализација од Грузиецот, следуваше големо промашување.

Се вчитува...