Промена на планот: Сари го враќа Игуаин во Јувентус

Јувентус во најскоро време ќе го промовира Маурицио Сари во нов тренер на „старата дама“, а италијанскиот стручњак веднаш потоа ќе ги повлече и првите потези околу формирање на ростерот. Една одлука е особено интересна, а тоа е Сари да го промени планот околу изгледот на нападот на Јувентус за следната сезона – враќајќи го Гонзало Игуаин.

Аргентинецот настапуваше за овој стратег во Наполи, ги мина и последните пет месеци под негово водство во Челси, па иако не играше во топ-форма во Премиер-лигата, Сари сепак сака да го има крај себе Игуаин и во Јувентус. Тој е под договор со „старата дама“ и беше најавено дека ќе биде продаден, но во недостиг на високи понуди новиот тренер сега сака да му даде нова шанса на аргентинскиот голгетер во дресот на „старата дама“.

Враќањето на „Пипита“ ќе значи и дефинитивно заминување на Марио Манџукиќ, на кој Јувентус може да заработи над 25 милиони евра. Хрватот неодамна потпиша нов договор до 2021 година, но Сари е подготвен да му дозволи да си замине.

Се вчитува...