Промени и во ФЕД купот – Завршен турнир во Будимпешта од 2020 година

ФЕД купот по стапките на машкото репрезентативно натпреварување во тенис Дејвис купот го менува форматот, потврди ИТФ. Од следната година ќе има завршен турнир на кој ќе настапуваат 12 репрезентации, а финалниот турнир ќе се игра во април месец.

Од 2020 до 2022 година натпреварувањето ќе се одржува во Будимпешта на земјена подлога. Претходно, во февруари на програмата ќе бидат квалификации кои ќе се играат по стариот систем, а во нив ќе учествуваат 16 репрезентации.

Осумте победници од квалификациите ќе се приклучат на завршниот турнир на финалистите од годинава, Франија и Австралија, домаќинот Унгарија и една земја која ќе добие специјална покана. Наградниот фонд на натпреварувањето кое ќе го носи името „Светско првенство во тенис ФЕД куп“ ќе изнесува 18 милиони долари.

Се вчитува...