Промени какви досега немало, Австралија опен со нова изненадувачка одлука!

Нова неверојатна одлука во „белиот спорт“, квалификациите за пласман во главната ждрепка на првиот Грен слем во сезоната нема да се одржат во Мелбурн, како што вообичаено беше досега.

Новата дестинација ќе биде во Дубаи или Доха, почнувајќи од 4 јануари, пишува угледниот шпански весник „Марка“. Истиот извор известува дека Австралиската тениска федерација веќе им ја соопштила оваа одлука на тенисерите.

Оние кои ќе ги поминат квалификациите, ќе се преселат во Мелбурн и ќе бидат во двонеделен карантин, а ваквиот третман ќе донесе голема непријатност на тенисерите, која ќе им влијае како на физичка, така и на психичка подготвеност. За време на карантинот, нема да им биде дозволено да го напуштат хотелот, освен кога ќе одат на тренинг.

Како што претходно беше најавено, тенисерите кои ќе бидат дел од главниот турнир ќе добиваат по 100 австралиски долари дневно за исхрана.

Се вчитува...