Промени во Калчото: Скратен преоден рок, „божиќна програма“ и подолга зимска пауза

Новата сезона од италијанскиот шампионат ќе донесе и низа револуционерни промени, откако истите денеска беа изгласани на состанокот на Фудбалската Асоцијација на оваа земја.

Клучна дефинитивно е промената на преодниот рок, односно негово кратење на еден ден пред официјалниот старт на сезоната, наместо како досега до 1 септември. Со тоа Италијанците се осигуруваат дека нема да дојде до „ремонт“ на екипите по почетокот на сезоната, давајќи и црвено светло за евентуални продажби во странски лиги по истекот на рокот.

„Следната сезоа во Серија А ќе стартува на 19 август, а на 12 август ќе се одигра Супер-купот, на локација што дополнително ќе биде утврдена. Преодниот рок завршува на 18 август, а зимскиот преоден рок ќе заврши на 19 јануари, пред почетокот на вториот дел од сезоната на 20 јануари“ – информираат италијанските фудбалски власти.

Воедно, договорена е и продолжена зимска пауза, но за сметка на згусната божиќна програма (по рецепт на Англичаните). Така, ќе има натпревари на 22, 26 и на 30 декември, по што ќе следи пауза се до 20 јануари. Претходно, на 13 јануари ќе се играат натпревари од Купот на Италија.

„Ќе има измени и во ждребот за купот, кој веќе нема да биде диригиран, ниту пак носителите по правило ќе ја имаат предноста на домашниот терен“ – појаснуваат медиумите на Апенинскиот полуостров.

Се вчитува...