Промени во Лион: Силвињо нов тренер, Жунињо – директор

Претседателот на Лион, Жан-Мишел Ола, го потврди најавениот мини-ремонт во раководните структури со непонудениот нов договор на тренерот Женесио, кој си заминува од „Жерлан“. Експертот за слободни удари, Бразилецот Жунињо, од летово ќе почне да ја извршува директорската функција во клубот, додека за нов тренер ќе биде именуван уште еден Бразилец – поанешниот лев бек Силвио.

„Со Жунињо се договоривме, тој ќе пристигне наскоро и ќе биде нов директор. Се договоривме тој да го избере тренерот и го избра Силвињо, се е договорено“ – изјави Ола за француските медиуми по вчерашната победа над Каен, со која Лион обезбеди учество во ЛШ за наредната сезона.

Силвињо како фудбалер настапуваше за Селта, Арсенал и Барселона. Тој се уште нема самостоен тренерски ангажман во кариерата, а моментно му е прв асистент на селекторот Тите во бразилската репрезентација.

Се вчитува...