Промени во Малме: Ракип доби Србин за тренер (ФОТО)

Македонскиот репрезентативец Ердал Ракип доби нов лидер во Малме откако шведскиот клуб ја официјализираше соработката со Милош Милојевиќ. Српскиот стратег на клупата на актуелниот шампион доаѓа од Хамарби со кој претходната сезона заврши на петтото место на табелата.

Милојевиќ кој помина две сезони како помошен терен во Црвена Звезда, тренерската кариера ја започна во Викингур, а беше дел и од Бреидаблик и Мјалби.

Се вчитува...