Промени во стручниот штаб на репрезентацијата: Потврден ангажманот на Илиќ, Глигоров не е повеќе асистент

Селекторот на репрезентацијата Благоја Милевски му се заблагодари на Никола Глигоров за неговиот досегашен ангажман во стручниот штаб на нашиот најдобар национален состав. Глигоров досега беше задолжен за видео анализа како дел од стручниот штаб на репрезентацијата. Воедно, Саша Илиќ е потврдено, нов тренер на голманите на националниот тим, на местото на Томе Пачовски кој се повлече од функцијата.

-Благодарност за укажаната доверба. Имам мотив и доволно искуство преку работа во репрезентацијата да придонесам за напредок на тимот. Целосно ги разбирам предизвиците со кои се соочуваме во овие чувствителни моменти и подготвен сум да помогнам. Ги познавам голманите во тимот, имаме квалитет, а наша заедничка цел е да бидат подобри и постојани во настапите-изјави Илиќ.

Никола Глигоров се заглагодари на укажаната доверба да работи во националниот тим.

-Улогата на асистент во стручниот штаб ја извршував со многу гордост, амбиција и оптимизам. Впрочем, како што тоа го правев и во годините кога настапував и како фудбалер. Му благодарам на селекторот Милевски за довербата. На сите во тимот им посакувам многу среќа и успех. Од мене секогаш ќе имаат максимална поддршка за да ги постигнат резултатите кои сите ги посакуваме-рече Глигоров.

Се вчитува...