Промоција на Altimax One и Altimax One Ѕ на General Tire во Грција

General Tire ги промовираа новитетите во својата палета на летни гуми, Altimax One и Altimax One S на Патеката за мото трки во Серес (Serres racing circuit) . Како наследници на Altimax Comfort и Altimax Sport, Altimax One и Altimax One S нудат безбедни перформанси на суви услови, зголемена тракција во влажни услови и километража, со што се овозможува целосна сигурност во уживањето во секоја кривина на патот.

За време на промоцијата, гостите имаа можност да ги тестираат Altimax One и Altimax One S, со што од прва рака се уверија во исклучителниот квалитет и тракција и контрола на гумите. За време на промоцијата, на гостите им беше даден детален преглед на робустните и многубројни услови што производите на General Tire задолжително ги исполнуваат.

Altimax One има шара со три бразди, со цел да овозможи прецизно управување и безбедно сопирање во суви услови. Во влажни услови, големиот број на тракциски засеци им овозможуваат на возачите подобрена контрола и сигурност при отежнати услови. За време на фазата на промоција, Altimax One ќе бидат достапни во 12 големини за тркала почнувајќи од 15 инчи, вклучувајќи ги и приклучоците за популарните компактни модели како што е VW Polo.

Altimax One S има шара со четири бразди, дизајнирана да одговара на големини наменети за возила со повисоки перформанси, за да се обезбеди подобрено распрснување на водата при поголеми брзини, што им дава дополнителна безбедност на возачите на секоја кривина. Altimax One S првично ќе бидат достапни во 37 големини за бандажи (фелни) од 15 до 20 инчи и ќе покријат голем број возила од компактни до средни модели со високи перформанси, вклучувајќи ги и популарните модели како Mercedes C-Class. Понатамошното проширување на палетата ќе се случи во текот на 2020 и 2021 година.
Овие гуми се одобрени за брзини до 300 km/h, нудејќи целосна сигурност и безбедно возење во кривини и при побрзо возење. Altimax One и Altimax One S нудат подобрени рангирања на етикетите на ЕУ низ целата гама, при што повеќето големини што беа промовирани беа рангирани во категорија Б (В) за тракција при влажни услови и Ц (С) за отпор на тркалање.

„Ова е возбудлива промоција за General Tire во Грција. Нашите најнови гуми за патнички возила нудат целосна сигурност во секојдневните авантури. Промовирањето на нашите Altimax One и Altimax One S на Патеката во Серес е одлична можност за гостите да ја доживеат од прва рака импресивната изведба на Altimax One и Altimax One S.“, изјави Матијас Барц, генерален менаџер за развој на бизнисот во регионот на Европа, Среден Исток и Африка.

Altimax One и Altimax One S имаат уникатен индикатор за визуелна усогласеност (VAI) и монитор за замена на гуми (RTM), што е технологија на General Tire.

VAI (Индикаторот за визуелно усогласување) му овозможува на сопственикот на возилото да провери дали има неусогласеност меѓу тркалата, со што се намалува ризикот од предвремено абење на гумите. Овие показатели може да се најдат на периметарот на гумата и можат да се идентификуваат со две кратки вдлабени линии на рабовите на гумата. Нееднакво абење на овие вдлабени линии укажува на проблем со усогласеноста.

RTM (Мониторот за замена на гумите) му укажува на сопственикот на возилото кога пневматикот достигнува минимална длабочина на браздата. Ова може да се најде во центарот на гумата и да се појави како натпис Replacement Tire Monitor, како што се аби шарата на гумите, знакот Replace Tire ќе се појави. General Tire препорачува возачите да ги менуваат гумите кога ќе дојдат до 3мм.

Контакт со уредниците:

За повеќе информации за General Tire, контактирајте со:
Менаџерот за комуникации и автомобилско партнерство, Марк Грифитс на 01895 425983 или 07500 049720 или на mark.griffiths@conti.de

General Tire
Основана во 1915 година, General Tire, со седиште во Форт Мил, Јужна Каролина, може да се осврне на гордото наследство кое трае повеќе од еден век. Уште од почетокот, брендот прави гуми за сите видови моторни возила. Компанијата е купена од „Континентал“ во 1987 година. Денес, работејќи низ целиот свет, General Tire произведува гуми за автомобили, камиони и индустриски намени, како и специјални гуми за возила со погон на четири тркала.
www.generaltire.eu

ContinentalAG

„Континентал“ развива пионерски технологии и услуги за одржлива и поврзана мобилност на луѓето и нивните стоки. Основана во 1871 година, технолошката компанија нуди безбедни, ефикасни, интелигентни и прифатливи решенија за возила, машини, сообраќај и транспорт. Во 2018 година, „Континентал“ генерираше прелиминарни продажби од околу 44,4 милијарди евра, а моментално вработува околу 244 000 луѓе во 61 земја и пазари.
www.continental-corporation.de

Отсек за производство на гуми

Отсекот за производство на гуми има 24 локации за производство и развој низ целиот свет. Како еден од водечките производители на гуми со околу 54 000 вработени, отсекот пријави продажба во износ од 11,3 милијарди евра во 2017 година. „Континентал“ е рангиран меѓу водечките производители на гуми и нуди широк асортиман на производи за патнички автомобили, комерцијални возила и возила на две тркала. Преку континуирано вложување во истражувачки и развојни активности, „Континентал“ придонесува за безбедна, економична и еколошки ефикасна мобилност. Портфолиото на Отсекот за производство на гуми вклучува и услуги за трговија со гуми и намени за возни паркови, како и системи за дигитално управување за гуми за комерцијални возила.

Се вчитува...