Промоција на филмот „Кобра“ за Шабан Трстена

Спортистот на 20.век во Македонија, Шабан Трстена, е главен јунак на документарниот филм „Кобра“, кој својата промоција ќе ја има в петок, на 20.април 2018 година, со почеток во 19 часот, во Кино Милениум во Скопје. Овој филм е подготвен од стручниот тим на „Скопје филм студио“ во состав: режисер Томи Салковски, Игор Иванов, Владимир Павловски и Димитар Минов.

Филмот „Кобра“ го обработува спортскиот живот на Шабан Трстена, неговите славни денови, а нуди и многу детали што засега не се познати на пошироката спортска јавност.

Се вчитува...