Промоција на Матеј Цветаноски во Ѓирмот

Матеј Цветаноски е нов фудбалер на унгарски Ѓирмот. Крилото, кое досега настапуваше за Шкупи, потпиша договор со тимот од Првата лига на Унгарија, и за него ова ќе биде прв интернационален предизвик.

Цветаноски досега настапуваше за Шкупи, а во минатото играше за Македонија ЃП, Пелистер и Вардар. Во првата лига на Македонија играше на 152 натпревари.

Во есенскиот дел од сезоната се истакна со одлични игри во дресот на Шкупи, и е еден од заслужните за првото место на чаирскиот тим.

Се вчитува...