Промоција во Шкендија: Агим Ибраими потпиша до 2022 година

Актуелниот првак Шкендија доби огромно засилување во овој зимски преоден рок, потпишувајќи договор со поранешниот македонски репрезентативец и долгогодишен интернационалец, Агим Ибраими. По долги преговори, тој конечно се враќа во матичниот клуб, од каде како младинец замина на печалба во странство пред 13 години. Тој стави потпис за верност кон Шкендија до 2022 година.

Агим Ибраими има огромно искуство на интернационалната сцена, настапи со Марибор во Лигата на шампионите и во Лигата на Европа. Беше член и на Астана, како и на турскиот Ескишехирспор. Настапуваше и во Серија А во дресот на Калјари, а во Шкендија доаѓа по настапите во словенечкиот Домжале.

Агим Ибраими ќе ја носи „десетката“ на Шкендија во продолжението од сезоната и сигурно ќе биде огромно засилување за тетовскиот тим.

Се вчитува...