Промовирана книгата – „60 Години РК Пролет“ (Фотогалерија)

Ракометниот клуб РК Тинекс Пролет денеска на пригодна свеченост ја промовираше книгата „60 Години РК Пролет’, по повод големиот јубилеј од постоењето на овој спортски колектив, напишана од уредничкиот тим на ЕКИПА.мк.

Книгата е со 60 страници, како симболика за 60-те години од постоењето на РК Пролет, клуб чии играчи низ годините потоа успевале да изградат успешни ракометни кариери, како ракометари, тренери, селектори, судии…

Воедно, РК Пролет ги избра „Дванаесетте Величествени“ како легенди кои го носеле или се уште го носат дресот на овој клуб. Од актуелните играчи, големото признание го доби долгогодишниот капитен Ласко Андоновски, покрај кого меѓу „Дванаесетте Величествени“ се најдоа уште и : Душко Јордановски – Дуле Чиче, Стефанчо Коруновски, Љупчо Гочевски – Шљак, Илија Темелковски, Никодин Кокаланов – Мец, Ристо Трпчевски – Буцо, Љуан Чаволи – Лули, Славе Атанасовски – Чаве, Владимир Миљовски – Брле, Мирослав Трајковски – Миро Шумски и Драган Здравковски – Ангор.

На свеченоста на која беше промовирана оваа книга присутни беа бројни ракометни имиња, како претседателот на РФМ, Живко Мукаетов, Генералниот Секретар потоа првиот човек на РК Вардар, Михајло Михајловски, како и Индира и Зоран Кастратовиќ, поранешниот репрезентативец Ванчо Димовски..

Како дел од свеченоста, своите обраќања имаа првите луѓе на клубот, претседателот Душко Кадиевски, директорот Сањо Огњановски, како и спонзорот на РК Тинекс Пролет, Владимир Тодоровиќ.

 

Се вчитува...