Пронајден олимписки медал во канта за ѓубре во „Мекдоналдс“

Неверојатно ситуација се случи во американскиот град во сојузната држава Калифорнија, Анахејм. Работничката во локалниот „Мекдоналдс“, Марија Карилјо во ѓубрето нашла златен медал од Летните олимписки игри во Токио кои се случија минатата година.

Карилјо случајно ја нашла медалата откако ја собрала кесата со ѓубре која била потешка од очекуваното. Погледнала во неа и го нашла неочекуваниот предмет.

„Мојата прва мисла беше. Што е убава. Зар е вистинска?“, изјави Карилјо. 

Изгубената медала ја пријавиле во полиција. Се претпоставува дека таа и припаѓа на американската одбојкарка Џордин Паутер која го пријави исчезнувањето на својот медал.

Се вчитува...