Телото на 24-годишниот хрватски фудбалер Јаков Јелкиќ, кој исчезна ноќта на 31. јануариво Аликанте, Шпанија, е пронајдено во водите на градското пристаниште, пренесуваат шпанските медиуми.
Според првите информации на шпанската полиција, се упатува на сообраќајна несреќа без вмешаност на трети лица. Телото на Јелкиќ е откриено на длабочина од два метри во близина на пристаништето нешто пред 18.30 часот во понеделникот.
Јаков Јелкиќ, кој живеел во Зермат, Швајцарија, престојувал во Шпанија, а последен пат бил виден во ноќниот клуб Упикум, по што му се изгубила секаква трага. Отишол да ја бара изгубената јакна, но никогаш не се вратил. Еден час по излегувањето од клубот, тој наводно бил снимен од надзорните камери во близина на хотелот во кој се наоѓал неговиот клуб. Тогаш и испратил порака на својата девојка: „Добро сум“.
Неговата сестра Јања Јелкиќ изрази разочарување од реакцијата на шпанската полиција, тврдејќи дека семејството не добивало информации од нив, туку од други извори, меѓу кои и од швајцарската полиција. По исчезнувањето на Јаков, во Аликанте пристигнале неговиот татко и девојката Габриела.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА