Пропадна „кам-бекот“ на голманот Наумовски во Шкупи

Македонскиот голман Кристијан Наумовски, останува и во следниот период да биде дел од тимот на ДПММ од Брунеи, со што пропадна „кам-бекот“ во екипата на Шкупи.

Наумовски имаше договор со Шкупи, чаирскиот тим објави и на официјалната веб страница, но трансферот нема да биде реализиран, и некогашниот член на националниот тим на Македонија останува да биде голман на ДПММ.

Наумовски беше дел од Шкупи од 2020 до 2023 година, и еден од главните фактори на враќањето на титулата на Чаир.

Се вчитува...