Викендов стартуваше шампионатот и во женска конкуренција од првенството на Фудбалската федерација на Македонија.
Шампионот Скопје на стартот го совлада Кочани со 4-0. Домаќинот поведе со погодокот на Глорија Тодорова во 13. минута. Во 28. Сара Коларовска зголеми на 2-0, а само три минути подоцна Рабија Дервиши го постигна третиот погодок за Скопје. Конечните 4-0 ги постави Мила Панева со голот во 44. минута.

Најубедливата победа на стартот ја забележа Тиверија Брера која триумфираше над Пелистер Про со 7-0.
Билјана Панеска во 22. минути и носи предност на домашната екипа, а во 30-тата Теона Голабовска зголеми на 2-0. Третиот погодок беше дело на Панеска во 58. минута, а во 67. Голабовска повторно се запиша меѓу стрелците. Три минути подоцна Павлинка Николовска и донесе водство на Тиверија Брера од 5-0. Ивана Илиева во 78. им носи предност на струмичанки од 6-0, а последниот гол беше дело на Голабовска.
Во градското дерби Истатов како гостин славеше против Вардар со 2-1.
Гостинките поведоа преку Ива Здравевска во деветата минута. По половина час игра, Џенита Кицара израмни на 1-1, а победата на Истатов ја донесе Радица Чонева во 53. минута.

Љуботен забележа победа од 4-1 во мечот против Каменица Саса. Тетовки поведоа со голот на Хава Мустафа во седмата минута. Улза Максути во 38. зголеми на 2-0, а третиот гол беше дело на Ива Јованоска по прецизно изведен удар од 11 метри. Калина Попески во 72. го постигна четвртиот гол за Љуботен, а во 84. Христина Јовановска го постигна единствениот погодок за гостинките.
Во последниот натпревар од првата рунда Речица и Ас Јунајтед постигнаа по еден гол и освоија по бод. Ас Јунајтед поведе во последната минута од првиот дел преку Ихдина Речи, а израмни Вања Ристиќ во 58. минута.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
