Пропадна мегадуелот со Федерер, поради повреда Надал се повлече од Индијан Велс

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал поради повреда на коленото се повлече од турнирот во Индијан Велс. Во пресрет на големиот полуфинален дуел со Роџер Федерер, по совети од лекарите тој одлучи да се повлече и да не ризикува посериозна повреда.

„Се загревав и увидов дека моето колено не е доволно подготвено за жестока пресметка во полуфиналето. За мене е многу тешко да прифатам дека морам да правам и вакви чекори за да ја одржам мојата кариера што е можно подолго“, истакна Надал.

Шпанецот во четвртфиналето го совлада Карен Хачанов со 2-0 во сетови (7-6, 7-6), а и на тој меч почувствувал болки во коленото.

Се вчитува...