Пропадна трансферот на Велковски во Анкарагучу

Дарко Велковски нема да потпише со македонскиот стопер Дарко Велковски. Според зборовите на претседателот на клубот, Фарук Коца веќе се откажале од намерата да го ангажираат репрезентативецот на Македонија.

Чудно е што Коца кажува дека Ријека не сака да го пушти, и покрај тоа што тој има истечен договор.

„Имавме средба со Дарко Велковски, но Ријека не сака да го пушти. Овој трансфер нема да се реализира, но постигнавме договор со друг стопер. Доаѓа деновиве во Анкара“, рече Коца.

Се вчитува...