Пропозиции: Една победа ја води Македонија во следната фаза од СП

Македонската репрезентација не само што доби повик во „пет до дванаесет“ за учество на СП 2021, туку и имаше среќа да биде сместена во групата Г, каде што ќе има и реални шанси за пласман во следната мундијалска рунда. „Црвено-жолтите“ за ривали ќе ги имаат Шведска, која е ослабена поради неиграњето на деветмина стандардни првотимци, потоа домаќинот Египет, како и аутсајдерот Чиле, кого двапати го совладавме во изминатите десетина дена на контролните натпревари во Скопје.

Во прилог на „црвено-жолтите“ оди и фактот дека по промената на системот на натпреварување уште од претходното светско првенство, со што и во втората фаза се формираат групи, во кои се пласираат по три селекции од секоја група од првата рунда.

Ова практично значи дека Македонија со една победа во групата Г (за очекување е да биде совладан Чиле) ќе го продолжи настапот со најдобрите светски селекции, наместо да се игра „Президент купот“. Според пропозициите, трите најдобри селекции од групата Г се спојуваат со најдобрите од групата Х каде се наоѓаат Словенија, Белорусија, Кореја и Русија.

Се вчитува...