Проработе мадридската „машина за голови“ – Бензема израмнува на 1-1 (видео)

Карим Бензема уште еднаш потврди дека е најдобар фудбалер на Реал Мадрид сезонава, постигнувајќи го единствениот погодок на вечерашното полуфинале со Челси.

Французинот имаше извонреден удар од дваесетина метри што заврши во дирекот, но десетина минути подоцна го потврди неверојатниот голгетерски инстинкт, најпрвин извонредно смирувајќи ја топката, за потоа со беспрекорен шут да ја смести во мрежата на Менди.

Се вчитува...