Просинечки демантира – Немаше никакви проблеми со летот за Ерменија

Селекторот на репрезентацијата на Босна и Херцеговина, легендарниот Роберт Просинечки вели дека немало никакви проблеми со летот за Ерменија и дека медиумите ја пренагласиле целата ситуација.

„Ништо лошо не се случи на летот. Јас сум познат по тоа што се плашам од летови и кога може да се патува со автомобил ја бирам таа опција. Медиумите ја пренагласија целата случка“, изјави накратко Просинечки. 

Босна и Херцеговина по убедливата победа над Лихтенштајн 5-0, ја очекува дуел со Ерменија.

Се вчитува...