Просинечки го повика Македонецот Ќосевски во селекцијата на БиХ за квалификациите за ЕП

Селекторот на репрезентацијата на БиХ, Роберт Просинечки се одлучи да го повика Македонецот Ведран Ќосевски, кој има и државјанство на БиХ, за стартот на квалификациите за пласман на ЕП 2020.

Голманот на Железничар и претходно беше во плановите на Просинечки, но сега и дефинитивно се одлучи да го повика како замена за првиот голман Ибрахим Шехиќ.

Ќосевски е повикан како замена за Асмир Беговиќ но последниот период не брани и за Бурнмаут што го оддалечи и од националниот тим.

Се вчитува...